Брендот за брза храна Burger King се одлучи за уште една оригинална кампања на францускиот пазар, создадена со помош на креативната агенција Buzzman Paris.
Со секоја нарачан оброк преку нивниот драјв-тру сервис, Burger King ќе доделува и вреќа сиров компир со маса од 1 килограм.
Целта на кампањата е да се помогне на француските земјоделци кои биле особено погодени од пандемијата на коронавирусот. Имено, Burger King се реши да откупи дополнителни 200 тони на сиров компир од локалните фармери, кои сега ќе ги доделува бесплатно на своите клиенти кои ќе нарачаат оброк на хамбургер и помфрит.