Burger King во Франција го претстави своето прво „Boomer King Menu“ – ново мени наменето за потрошувачите кои пораснале во текот на 1980-тите и 1990-тите години. Со оваа кампања компанијата им оддава почит на телевизиските серии и поп-културата што го одбележаа детството и младоста на „бејби бум“ генерацијата.
Рекламните спотови го оживуваат препознатливиот изглед, музика и атмосфера на популарни серии од тоа време, како што се „Charmed“, „Beverly Hills, 90210“, „Saved by the Bell“ и „Knight Rider“. Спотовите на хумористичен начин ги имитираат воведните шпици на овие телевизиски класици за го разбудат чувството на носталгија кај гледачите.
Со секој оброк од „Boomer King Menu“ ќе следува колекционерски подарок инспириран од сериите. Купувачите можат да добијат чорапи со мотиви од „Saved by the Bell“, маица од „Knight Ride“r, шолја од „Charmed“ или чаша со логото на „Beverly Hills, 90210“.
Кампањата е создадена од агенцијата Buzzman и ќе се емитува на телевизија и на дигиталните платформи во верзии од 10, 20 и 30 секунди. Од Burger King France велат дека со оваа иницијатива сакаат да им посветат внимание и на постарите генерации, исто како што брендовите за брза храна со години ги привлекувале помладите потрошувачи.
















