Никој не сака да биде оставен да чека одговор на поставено прашање, особено доколку тоа прашање е насочено кон компанија на која сакате да ѝ оставите пари.
Брендот за брза храна Burger King неодамна на своите фанови им дал ветување дека ќе одговара на сите потрошувачки поплаки на Фејсбук страницата на бреднот најдоцна во рок од 48 часа. Burger King станале толку ажурни, што решиле да им помогнат и на „пријателите“ од својот најголем конкурент McDonald’s.
Имено, во соработка со данската адвертајзинг агенција Uncle Grey, Burger King започнале кампања да одговараат на сите неодговорени кориснички поплаки оставени јавно на Фејсбук страницата на McDonald’s. Секој одговор доаѓал заедно и со ваучер за бесплатен Whopper, главниот оброк по кој е препознатлив Burger King.
Резултатите на кампањата се одлични, добивајќи голем број на пофалби од страна на љубителите на брзата храна. Во продолжение погледнете го видеото на Burger King со дел од издвоените коментари: