Carat е прогласена за медиска агенција бр. 1 во светот од меѓународната истражувачка компанија RECMA која деновиве го претстави својот традиционален Network Diagnostics – Qualitative Evaluation извештај.
Агенцијата ја зазема првата позиција во рангирањето без прекин од 2013 година и повторно е дефинирана за првак по девет пати во последните 10 извештаи кои ја оценуваат работата на медиумските и дигиталните агенции ширум светот.
Рангирањето се базира на анализа на работата на над 700 агенции кои работат во 46 земји. Компаниите се вреднуваат по 18 критериуми кои вклучуваат стекнување на нови бизниси, задржување на постојните клиенти, награди, развој на таленти, вложување во истражувања за дигитални медиуми и развој на разновиден медиа микс.
Од извештајот станува јасно дека Carat ја зголемила оценката на квалитативните параметри до +238 поени од февруари 2015 година досега, со цели 11% подобар резултат од второ рангираната агенција.