Home » Во фокусот » Карлсберг започнува со производство на шишиња за пиво од картон

Карлсберг започнува со производство на шишиња за пиво од картон

Данската пивара е првата во светот која следната година ќе започне со производство на шишиња за пиво направени целосно од картон.

Целта на Карлсберг е да се намали количината отпад, а облогата на шишето, односно картонот и капачето се целосно биоразградливи и не се штетни.

Освен тоа, компанијата планира и да воведе систем за прибирање на шишињата за еднократна употреба, каков што веќе постои за лименките.

На почетокот, во фазата на тестирање, ќе се произведат меѓу 10.000 и 20.000 шишиња и доколку пакувањето се покаже успешно, се планира користење на вакво пакување и за вода, млеко и за друга течна храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365