Home » Медиуми (page 17)

Медиуми

Direct Media стана малцински сопственик на Пинк

Една од најголемите регионални медиски агенциски групации Direct Media d.o.o. стана сопственик на 10% од капиталот на Pink International Company, еден од најголемите медиумски конгломерати во регионот. Direct Media постои веќе 14 години и работи во осум земји од регионот (Србија, Македонија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Албанија, Бугарија и Хрватска). ... Read More »

“Кирилица” со нови сопственици и нов уредувачки тим

Еден од најпрепознатливите интернет медиумски брендови во Македонија “Кирилица“ (www.kirilica.com.mk) од пред неколку недели доби нови сопственици и нов редакциски тим. Нови “газди“ на брендот Кирилица се луѓето од “Медекс Груп“, преку која и започна да функционира и меѓународниот проект Хелтгрупер, посветен на сферата на здравството. Медекс Груп е приватната консултантска ... Read More »

еМагазин прославува 2 години постоење!

еМагазин еден од најдобрите македонски интернет медиуми денеска прославува 2 години постоење во македонскиот интернет етер. Составен од тим на професионални новинари и претходно познати на јавноста како повеќекратни добитници на различни стручни признанија, кога пред две години стартуваше беше вистинско освежување како прв македонски електронски магазин кој во континуитет третира не-секојдневни теми ... Read More »

Претседателската академија на Русија преку Факултети.мк ги отвара вратите за студентите од Македонија

Со цел промоција на можностите за студирање во Русија, престижната Руска претседателска Академија за национална економија и јавна администрација, потпомогната од македонскиот интернет портал за образование и наука, Факултети.мк, ќе реализираат активности со кои на потенцијалните студенти ќе им ги доближи можностите за едукација на еден од водечките универзитети во Русија, и во светот. ... Read More »

Снежана Лупевска назначена за нов одговорен уредник на ТВ Телма

Снежана Лупевска – Созен од пред неколку дена е новиот одговорен уредник на телевизијата Телма, пренесува порталот Либертас. Досегашната одговорна уредничка Сања Васиќ останува во телевизијата. Васиќ дојде на местото на долгогодишната уредничка Емилија Лазарова. Лупевска во Телма дојде од телевизијата Канал 5, каде претходно беа емитувани проектите на нејзината продукциска куќа ... Read More »

Проверете колкава плата земаат вработените во ХРТ

(РЕГИОН) – Хрватската Радио Телевизија (ХРТ) стана првата јавна институција во Хрватска која јавно ги објави податоците за бруто платите на своите вработени. Генералниот директор на ХРТ, Горан Радман има највисока плата која изнесува 42.073,58 куни (околу  5,500 евра). Втора по висина плата добива заменик генералниот директор – 31.235,78 куни (~ 4,130 евра), ... Read More »

Донесен правилник за нови рекламни техники

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на својата 15-та седница одржана пред неколку дена донесе Правилник за нови рекламни техники. Со овој Правилник се пропишуваат правилата за користење на новите рекламни техники од страна на давателите на аудиовизуелни медиумски услуги (телевизиски радиодифузери и даватели на аудиовизуелни медиумски ... Read More »

ЕНаука.мк – нов специјализиран портал за наука и технологија

Македонскиот интернет простор од пред неколку недели е збогатен и со уште еден специјализиран портал. EНаука.мк (www.enauka.mk) ќе се обиде на дневна основа своите читатели да ги запознава со најновите случувања, истражувања и информации од повеќе научни дејности и да ја промовира и афирмира научната мисла за како што велат ... Read More »

Marketing365 Marketing365 Marketing365