Home » Во фокусот » CEO-то на Publicis Group со уште една незаборавна новогодишна честитка

CEO-то на Publicis Group со уште една незаборавна новогодишна честитка

Ретко која агенција има толку кул “шеф“ како што е Maurice Levy , CEO-то на Публицис кој никогаш не се воздржувал да ги каже лудите работи кои ги мисли, а богами ниту да ги направи…

Единствениот Maurice, не поздрави пак со нова (не)традиционална предновогодишна видео честитка.

Видеото почнува со неговата изјава дека “времињата се тешки за да се зезаме“, па гледачите секако не треба да очекуваат нешто фенси бидејќи и тој самиот знае дека секако никој не му обрнува посебно внимание бидејќи половината и не го разбираат неговиот чуден акцент :)

maurice-1

Maurice Levy

И кога сите мислеа дека ќе се “отарасат“ од Мaurice чим се појави “Skip Maurice” опцијата, тука баш почнува забавата.

Вообичаено кога гледаме YouTube клип, ги скокаме рекламите за да го гледаме клипот……овојпат требаше да го скокнеме клипот за да ги гледаме рекламите. Во нив CEO-то на Публицис сликовито објаснува каква беше годината што изминува и што се може да се очекува во наредната.

Во првиот сет, Maurice обидувајќи се да нахрани еден модел со јогурт се “поттурива“ и ја валка својата кошула…бидејќи, нели…shit happens…

maurice-2

но лошите работи се веќе зад нас….во наредниот кадар тој ја чисти кошулата додека зборува за “свежиот“ и нов почеток на Publicis во 2016…и новите аквизиции кои ги направи групацијата.

maurice-3

Трансформацијата и градењето на успехот е како косата…..за тоа треба време и трпение….сцена бр.4

maurice-4

Честитката продолжува со уште две сцени кои Ви ги оставаме како изненадување.

Видеото не може да се вметне во текстов , затоа гледајте ја видео честитката на Maurice Levy на овој ЛИНК.

п.с. : колку ли само јако им било на креативците во Публицис кога спремале сториборд и ги давале предлозите за оваа видео честитка на шефот :) :)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365