Home » Во фокусот » Chrome ќе ги блокира бучните страници

Chrome ќе ги блокира бучните страници

На сите ни се познати веб страниците кои автоматски ги вчитуваат видео клиповите кои, освен што понекогаш се многу нападни, често имаат прилично силен звук.

Токму затоа Google ја тестира новата опција која ќе им овозможи  на корисниците трајно да ги „замолчат“ сите такви страници.

Бучните веб страници со години ги нервираат корисниците, но со новата опција на тоа ќе им дојде крај. Опцијата е многу едноставна за користење. Само кликнете на иконата ‘security’ која се наоѓа десно од називот на веб адресата, а потоа изберете ја опцијата ‘mute’. Забраната ќе трае толку долго додека не ја исклучите самите.

Целта на оваа опција, освен да ја намали бучавата, е и да ги обесхрабри веб страниците да ја користат алатката за автоматско прикажување на видеата.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365