Home » Extra 5 » Синема Футура заврши со снимање на краткиот филм “Налепница”

Синема Футура заврши со снимање на краткиот филм “Налепница”

Продуцентската куќа Cinema Futura заврши со снимањето на краткометражниот игран филм “Налепница” по сценарио и режија на Георги М. Унковски.  Се работи за црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола тргнува на пат и запаѓа во серија на проблеми. 

Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а во филмот настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски.

Директор на фотографија е Наум Доксевски,  сценографијата ја изработи Кирил Спасевски, костимите Розa Трајческа, а маската и шминката за гланиот лик Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Филмот се очекува својата премиера да ја има во првата половина на 2019. 

Проектот е поддржан и финансиран од агенцијата за филм на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365