Home » Во фокусот » Читателите помалку време посветуваат на вестите кога користат мобилни уреди

Читателите помалку време посветуваат на вестите кога користат мобилни уреди

Читателите посветуваат поголемо внимание на начинот на кој се презентираат вестите кога користат десктоп компјутери отколку мобилни уреди, покажа едно ново истражување

Истражувањето кое користело техники за следење на движењето на очите, покажало дека вестите поинаку се конзумираат на десктоп и на мобилни уреди. Вниманието за вестите е значително различно на компјутерите и мобилните телефони.

Истражувачите од Универзитетот Тексас А&М го анализираа времето што окото на читателот го поминува фиксирано на некој дел или колку долго го поминува фиксирано врз текстот на една вест, како и времето на следење на линковите вградени во приказната. Се покажало дека во просек луѓето трошат помалку време на содржината на приказната и помала е веројатноста да ги забележат линковите кога користат таблет или мобилен телефон, отколку кога користат десктоп компјутер.

Иако мобилните уреди овозможуваат полесен пристап до вестите, тие не овозможуваат поголемо внимание на вестите, па затоа може да се заклучи дека читателите трошат помалку време за вестите на мобилните уреди и се помалку фокусирани на содржината што ја конзумираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365