Home » Во фокусот » Coca-Cola и Pepsi губат млади фанови според податоците од најновото истражување на Connexity 

Coca-Cola и Pepsi губат млади фанови според податоците од најновото истражување на Connexity 

“Битката” помеѓу Coca-Cola и  Pepsi штотуку ги доведе двата големи бренда на заедничко рамниште. Фановите на двата брренда се сосема различни во однос на образование и политичка насоченост, но двата бренда имаат поголем дел постари фанови во согласност со податоците од најновото истражување на е-комерц и провајдерот за потрошувачка аналитика Connexity.

Извор: http://www.adweek.com/

Најбројната публика на Coca- Cola е  возрасната група на лица кои се наоѓаат на  35-44 годишна возраст, додека пак на Pepsi од 65 години па нагоре, а двата бренда бележат најслаба застапеност во демографската група од 18 до 24- годишна возраст.

Coca-cola и Pepsi своите портфолиа ги проширија и промовираа помали пакувања во големина со цел да ја привлечат помладата публика која пие помалку газирани сокови денес.  Меѓутоа двата бренда потребно е да работат подобро во однос на таргетирањето на возрасната група од млади на возраст од 18-24 години изјави
Rochelle Bailis, директор за соддржина во Connexity.

Извор: http://www.adweek.com/

Извор: http://www.adweek.com/

80% од потрошувачите мислат дека брендовите не ги разбираат на индивидуално ниво

“Coca-Cola има тенденција да привлече помлада целна група за разлика од  Pepsi, но и двата бренда не успеваат да стигнат до млади консументи. Младата целна група станува свесна за своето здравје па затоа двата бренда сега остануваат во рацете на миленијалците.

Погледнете ја податочната анализа од испитувањето на   Connexity во однос на податоци за демографијата на двата бренда

  • Pepsi покажува подобри индексни податоци за популарност кај Демократите за 12%, а пониски индекси кај Конзервативците за 16% и Ултра Конзервативците за 11%. Coca- Cola води кај Републикаците за 21% и Ултра Конзервативците за 10% додека пак заостанува зад конкурентот кај Конзервативните Демократи за 11%.
  • Лицата кои пијат Coca-Cola се насочени кон добивање барем на универзитетска диплома, додека пак публиката на Pepsi диплома од средно училиште.
  • Целната група на Pepsi поверојатно е дека икма понизок приход: потрошувачите на Pepsi 28 % повеќе е поверојатно да заработуваат помалку од $20,000 годишно (за разлика од просечниот граѓанин), додека пак потрошувачите на Coke customers 20% помалку од конкурентот е веројатно дека ќе имаат приход помал од $20,000 на годишно ниво.
  • Потрошувачите на Pepsi 16% повеќе е веројатно во однос на просечниот човек дека се “зависници од ТВ’’ повеќе за разлика од потрошувачите на Coca-Cola.

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365