Оригинално лансирана во Пакистан во 2008 година како локален партнер за поддршка на млади музички таленти, платформата Coke Studio на Coca-Cola прераснува во глобален феномен.
Брендот за безалкохолни пијалаци ја нагласи својата заложба за истакнување на „искуствата пред рекламите“ со музички спот во кој група на млади светски музичари ја реинтерпретираат познатата песна “It’s A Kind of Magic” на Queen.
„Кога ја лансиравме кампањата Real Magic, стана очигледно дека сакаме да се оддалечиме од типичното рекламирање и да преминеме на искуства. Вие всушност можете да пишувате музички мелодии и ноти – тоа е реално. Но, кога музиката свири, тогаш се случува магијата и ве лазат морници“ – посочува глобалниот директор за креативна стратегија на Coca-Cola, Пратик Такар.
Новата интерпретација на песната од Queen е дело на младите, но веќе популарни музичари Ari Lennox, Griff, Tesher, Mariah Angeliq, Tems, TRI.BE и Ekin Beril. Компанијата планира да ја продолжи соработката со нив, да го прошири ростерот на музички артисти на платформата, како и да издава оригинална музика преку неа.
„Музиката еволуира, човештвото и луѓето еволуираат. И ние, како бренд, еволуираме во начинот на кој пристапуваме кон музиката. Искористувањето на моќта на голем глобален бренд како Coca-Cola да ги доведе овие артисти под еден покрив, да создаде платформа за нивната музика и да се проширува преку границите, низ целиот свет и фан-групите, е нешто што е исклучително уникатно“ – истакнува Џошуа Бурк, глобален директор за маркетинг преку музика и култура на Coca-Cola.
Следете ги новите музички изведби преку Coke Studio на следниот линк.