Сепак, малку е веројатно дека Кока Кола целосно може да ја прекине соработката со агенциите во корист на реациите на потрошувачите
Најновот експеримент на Coca-Cola со издавање кратки дизајнерски брифови за цел свет, ги илустрира плановите на компанијата да направи промена од имиџот на чисто “традиционален огласувач”, затоа што во рамките на овие експерименти, брендот како ко-креатори ги зема самите потрошувачите, а не агенциите, пишува TheDrum.
Директорот за дигитал на Кока Кола, Дејвид Годсман, во својот говор на Adobe самитот призна дека дигитално поврзаниот свет е “малку непознат за” овој бренд. Сепак, пред 12 месеци, компанијата започна петгодишна програма за дигитална трансформација, истакнувајќи четири клучни области: операции, бизнис, култура и искуства.
Од овие категории, Кока Кола во моментов во голема мера се потпира токму на искуството, што е евидентно од барањата на Годсман нивните “традиционални маркетинг стручњаци да станат креатори на искуства”, и неговото инсистирање дека фановите на Кока Кола се клучни за нивната стратегија за создавање на содржина.
“Дигиталната комуникација ни овозможува создавање унифицирани искуства кои, без оглед на јазикот или место во светот, помагаат да ги поврземе”, вели Годсман и додава: “Дигиталното им овозможува на креаторите активно да учествуваат и со нас заеднички да создаваат искуства кои ќе ги донесеме на пазарот. Светот веќе не го гледаме како место каде ќе продолжиме да работиме како традиционален огласувач “.
Потпретседателот за глобален дизајн на Кока Кола, Џејмс Сомервил, претстави еден од првите чекори во оваа стратегија за вклучување на потрошувачите како креатори. Coke x Adobe x You, кој тивко започна во октомври минатата година на социјалните медиуми, содржеше краток бриф со повик за сите корисници на интернет, кој гласел: “Направете уметничко дело кое ја слави Кока Кола, спортот, движењето, силата и единството , користејќи ја алатката Adobe Creative Cloud.”
“Помисливме:” Што ќе се случи ако едноставно им дадеме на дизајнерите од целиот свет три или четири едноставни алатки и краток бриф – толку краток што можете и да го твитнете? “објаснува Сомервил.
Досега проектот резултираше со 900 поднесени трудови, од фантастични, забавни анимации до педантни, рачно изработени илустрации. На сите дизајнери им беше кажано дека треба да го користат црвениот круг Кока Кола, а проектот е дел од кампањата за Олимпијадата во Токио 2020.
“Ако ги погледнете овие страници, ќе видите ентузијазам за работа на нашите производи и нашиот бренд”, вели Сомервил. “За нас, овие 900 пријави се само почеток на нашето патување”.
Сепак, малку е веројатно дека Кока-Кола целосно ќе ги прекине своите врски со креативните агенции во корист на креациите на потрошувачите. Сомервил истакна дека “ги сакаме нашите агенциски, имаме потреба од нив”, но исто така дека сакаат да ги откријат “скриените скапоцени камења’. Со тоа тој мисли на фриленсерите, графичките дизајнери кои имаат вирален успех или “некој што работи во Старбакс и моментално е на својот лаптоп.”