Coca Cola HBC, планира да го лансира Коста Кафе на најмалку 10 од своите 28 пазари следната година
Како што се наведува на сајтот на компанијата, ова ги вклучува Бугарија, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Русија и Швајцарија.
Ова ќе се однесува на широк спектар на потрошувачи во различни продажни канали и можности, што е во согласност со водечката визија на компанијата Coca-Cola HBC.
“Ова е фантастична вест која ќе создаде вистинска вредност за нашите потрошувачи и за сите нас. Додавањето силен бренд како Коста Кафе во нашето портфолио ќе ни овозможи да “фатиме” повеќе навики на потрошувачите и да се најдеме во повеќе нивни животни прилики, а со самото тоа уште повеќе да се поврземе со нив преку различни канали и да ја зајакнеме нашата способност да бидеме присутни во секој момент во текот на денот. Нашата добро воспоставена инфраструктура, процеси и можности во однос на кафето значи дека ќе ја започнеме оваа приказна со многу возбудливи можности “, рече Зоран Богдановиќ, извршен директор на Coca-Cola HBC.
Кафето е еден од најпрофитабилните и најбрзо растечките приходи во рамките на комерцијалните пијалоци на оваа компанија. Тоа е категорија од повеќе милијарди долари на 28 пазари на компанијата Coca-Cola HBC и е проектирана да расте 4% годишно.
За да се потсетиме, Кока Кола го купи Коста Кафе во јануари 2019 година и го забрза својот бизнис, фокусирајќи се на проширување на вендинг бизнисот и во категоријата ready-to-drink производи. Коста Кафе е водечка компанија за кафе во Велика Британија, со силно присуство во Европа, Пацифичка Азија, Среден Исток и Африка.
“Среќни сме што влегуваме во ова партнерство со Coca-Cola HBC за да го приближиме нашето кафе поблиску до поголем број потрошувачи. Овој нов договор е уште еден пример за тоа како Коста Кафе и` помага на Кока Кола да стане комплетна компанија за производство на пијалоци “, рече Џенифер Ман, претседател на Global Ventures за Coca-Cola.