Компанијата Кока Кола објави дека е постигнат конечен договор за превземање на Costa Limited, компанијата основана во 1971 година во Лондон, која се разви во една од водечките светски брендови за кафе
Кока Кола ќе го превземе Costa Coffee од Whitebread PLC во трансакција вредна 5,1 милијарди долари, со што ќе ја зајакне позицијата на пазарот за кафе во делови од Европа, Азија и Пацификот, Блискиот Исток и Африка со силна перспектива за натамошно проширување. Освен брендот „Costa“, компанијата Кока Кола со оваа аквизиција ќе добие и 4.000 локации за малопродажба, оспособени баристи, апарати за кафе, разни формати за кафе за домаќинството и најмодерни печки за кафе.
Costa е водечки бренд за кафе во Велика Британија, а значителен раст бележи во Кина. Оваа аквизиција е значајна бидејќи глобалниот пазар за кафе е фрагментиран и ниедна компанија со сите формати не работи на глобално ниво.
Со повеќе од 500 различни брендови, Кока Кола е присутна во повеќе од 200 земји во светот, а оваа аквизација е нов чекор во реализацијата на стратегијата на Кока Кола како компанија која нуди пијалоци за секоја пригода. Покрај најпознатите Кока Кола газирани пијалоци, некои од водечките брендови во светот се: пијалоците AdeZ на растителна основа, зелениот чај Ayataka, водата Dasani, соковите Del Valle, Фанта, кафето Georgia, чаевите и кафе Gold Peak, Honest Tea, соковите Minute Maid, спортските пијалоци Powerade, соковите Simply, Спрајт и кокосова вода Zico.