Home » Во фокусот » Coca-Cola и mts на фестивалот Кактус освоија награди во престижни категории

Coca-Cola и mts на фестивалот Кактус освоија награди во престижни категории

Кампањите “The Red Thread” и “Свет кој сеуште не сте го запознале” освоија награди на четвртиот по ред Фестивал на интегрирани комуникации – КAКTUS 2018.

Кампањите “The Red Thread“, која за компанијата Кока Кола ја реализираа агенциите McCann Белград и UM Белград  и ” Свет кој сеуште не сте го запознале”, која McCann Белград ја креираше за mts, освоија награди на Фестивалот на интегрирани комуникации – КAКTUS 2018. Проектот “The Red Thread” е прогласен за најдобар во категориите иновативна интегрирана кампања и Cross media интегрирана кампања, а кампањата “Свет кој сеуште не сте го запознале“, во категоријата ТВ.

“Многу сме горди на успехот на кампањите што ги реализиравме со нашите партнери Кока Кола Србија и mts. Кампањите се победници во престижни категории, што претставува посебна сатисфакција за нашиот агенциски метод: секогаш да бидеме интегрирани и иновативни”, изјави Јана Савиќ Растовац, креативен директор на агенцијата McCann Белград.

“Исклучително ни е драго што токму кампањата на Кока Кола “The Red Thread” е прогласена за најдобра во дури две важни категории. Покрај тоа што придонесе за популаризација на локалните традиции, докажа дека тимската работа е она што носи најдобри резултати, а екипата од врвни професионалци од компанијата Кока Кола, McCann Белград и UM Белград, кои учествуваа во проектот од сите три запирања, со оваа кампања тоа и го демонстрираа”, додаде Дубравка Урошевиќ, регионален директор за услужување на клиенти во UM Белград.

Оваа година, акцентот на фестивалот беше на квалитетните и безвременски егзекуции, без кои ниту една идеја не би можела да преживее, а освоените награди во престижните категории е континуиран показател за креативната сила на тимовите од агенциите McCann и UM Белград.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365