Home » Во фокусот » Coca-Cola Zero го менува името

Coca-Cola Zero го менува името

Американската компанија Coca-Cola одлучи да го промени името на брендот „Coca-Cola Zero“ во „Coca-Cola Zero Sugar“, што значи Кока Кола без шеќер.

Новото име треба дополнително да истакне дека пијалокот не содржи калории, а со новиот рецепт, вкусот на пијалокот ќе биде повеќе сличен на обичната Coca-Cola.

Компанијата не прецизира што точно ќе промени, освен што наведе дека малку ќе ја промени „мешавината на вкусови“ и дека ќе го користи истите вештачки засладувачи како и до сега.

Coca-Cola исто така, соопшти дека новата амбалажа ќе има повеќе црвена боја и повеќе ќе наликува на шишињата на обичната Coca-Cola, како и дека во продавниците ќе се појави во месец август.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365