Еден универзално препознатлив симбол на генијален начин е претворен во политички промотивен материјал
Креативците од агенцијата McCann, Ешли Глас и Франциско Валенцуела, креираа една фотографска кампања во која користеа еден неочекуван облик на промотивен материјал за да ги повикаат луѓето на гласање.
Имено, тие го земаа препознатливиот знак за предупредување, кој може да се најде на места каде што се случило некое злосторства или престрелка, жолта лента и ја претвориле во повик на гласање за реформата на оружјето на претстојните избори.
Траката е поставена на места кои ги претставуваат истите локации каде што се случиле масовни престрелки низ целата земја, како што се училиштата, кината, синагогите, ноќните клубови, канцелариите итн. Овие места се “обвиткани” со жолто-црна лента која порачува: “Ова никогаш не би требало да биде место на злосторство. Гласајте на 6.11. “
Покрај фото кампањата, која ги потсетува луѓето на приказните за масовните престрелки во земјата, тимот ги испраќа овие ленти на луѓе низ целата земја кои сакаат да ги обележат локациите во нивните градови пред изборите. Тие, исто така, планираат да ги стават околу избирачките места во училиштата.