Home » Digital » Цукерберг за Фејсбук: Ја направив секоја можна грешка

Цукерберг за Фејсбук: Ја направив секоја можна грешка

Foto: Gettyimages

Социјалната мрежа Фејсбук, неодамна го прослави својот 14-ти роденден, а нејзиниот основач и извршен директор Марк Цукерберг се огласи по тој повод за сè она што го научил во меѓувреме.

“Имав само 19 години кога го основав Фејсбук, и тогаш немав поим што правам. Не знаев ништо за градење на глобален интернет сервис”, напиша Цукерберг во својата објава на Фејсбук.

“Во наредните неколку години ја направив речиси секоја грешка која можете да ја замислите, направив десетина технички грешки и донесов голем број на лоши одлуки. Им верував на погрешни луѓе и поставив талентирани луѓе на погрешни позиции. Пропуштив важни трендови и на другите им делував бавно. Лансирав производ по производ без успех на пазарот”, додава.

Today is Facebook's 14th birthday.It's a moment to reflect on how far we've come from that dorm room at Harvard and…

Posted by Mark Zuckerberg on Sunday, February 4, 2018

Цукерберг истакна дека неговиот пат сè уште трае и дека има уште многу за учење со цел успешно да го зближи и подобри светот.

“Насочувањето на тој проблем секогаш ќе биде наша сила и токму тоа е она на кое ќе се фокусираме оваа година”, дополнува тој.

Оваа популарна социјална платформа денес брои 1,4 милијарди дневни корисници и 2,1 милијарди месечни активни корисници.

Вредноста на Фејсбук денес изнесува речиси 550 милијарди долари.

 

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365