Home » Во фокусот » Да се запознаеме со Маја Богдановска, маркетинг асистент во Euro BPO

Да се запознаеме со Маја Богдановска, маркетинг асистент во Euro BPO

Да се запознаеме со..“ е секција  на М365 во која нашите читатели ги запознаваме со – нашите читатели. Секција првенствено посветена на луѓето кои работат во маркетинг и ПР секторите во македонските компании, во која преку неколку кратки, блиц прашања промовираме професионалци кои знаме дека редовно си го читаат М365 и кои накратко ќе ни пренесат што актуелно се случува во нивната компанија и кои се предизвиците со кои нивниот сектор ќе се соочи во наредниот период.

Име и презиме: Маја Богдановска
Компанија:  Euro BPO
Работна позиција: Маркетинг Асисент

maja-bogdanovska

Маја Богдановска

М365: Накратко, кои се Euro Bpo?

Euro Bpo е успешна Британска аутсорсинг компанија со седиште во Скопје и 12 годишно искуство во аутсорсинг индустријата, која нуди уникатна комбинација на искуство и експертиза. Сите наши кандидати или тимови се посветени на конкретен клиент и истите функционираат и работат исклучиво за клиентот на кој му се доделени, секогаш се стремиме кон развивање на индивидуален пристап и градење на трајни и заемно корисни односи со секој еден од нашите клиенти. Нудиме широк спектар на услуги и работни позиции, од веб девелопмент до графички дизајн, грижа за корисници, техничка подршка и многу други.  За една од нашите последни кампањи наменети за LinkedIn и Facebook имавме шанса да оствариме професионална соработка со една од најдобрите креативни агенции во нашата земја, BTS Art Factory. Нивните креативци изработија анимирано видео преку кое успеавме да ги претставиме целите, услугите и придобивките кои ги нуди нашата компанија и благодарение на кое нашите кампањи резултираа со успех.

Последен видео проект со BTSAF :

М365: Кон што е насочено вниманието на компанијата во моментов?

Во моментов работиме на наоѓање на нови клиенти на територијата на Велика Британија или поконкретно мали, средни и големи компании кои би ги користеле нашите бизнис услуги, додека нашата цел во Македонија е да најдеме квалификувани кандидати кои би одговарале на барањата и условите на клиентите.

М365: Кaко Euro Bpo ја спроведува својата комуникациска стратегија за реализација на поставените цели за 2016 год.?

Нашите комуникациски цели се преку нашите маркетинг кампањи и социјалните медиуми да им го доближиме аутсорсинг концептот, бенефитите што ги нуди нашата компанија на потенцијалните клиенти и главните фактори кои ја прават Македонија една од најдобрите аутсорсинг дестинации во светот.

Комуницираме преку социјалните медиуми, кои како модерна алатка за привлекување на бизнис клиенти им даваат можност на компаниите да создадат голема публика пред која би се претставиле во најдобро светло, би ја демонстрирале својата професионалност и експертиза, би се поврзале со потенцијални клиенти и би воспоставиле кредибилитет во својата област или индустрија. Исто така, од нашето досегашно искуство, Google AdWords е една од најдиректните и најефикасните, но сепак комплицирани платформи, за онлајн промоција на бизнисот.

Креираме најчесто визуелна содржина, односно видеа, слики, гифови и инфографици, како најдобар начин да се пренесе пораката на една компанија. Цитати, аутсорсинг факти и статии на тема аутсорсинг, секогаш надополнети со визуелен момент, се исто така важен дел од нашата содржина наменета за социјалните медиуми.

Колегите можат да Ве контактираат на:

Facebook:  https://www.facebook.com/eurobpo/

Linkedin:    https://www.linkedin.com/company/eurobpo

Twitter:        https://twitter.com/eurobpo

Email:          info@eurobpo.com

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365