Home » FMCG » Дај уште една “Америка“ да наздравиме!

Дај уште една “Америка“ да наздравиме!

Еден од најпопуларните пивски брендови во светот, Budweiser, се реши за потег кој веројатно мислеле дека ќе го протолкуваме како “патриотски“ и интересен, но искрено да Ви кажам, мене малце ми изгледа како промашен.

Од компанијата се сетиле да го сменат своето име во наредните 6 месеци и да се викаат: America.

budwiser stanuva america

AB InBev (сопствениците) веројатно видоа прилика намалениот удел на пазарот да го зголемат со промена која треба добро да се вклопи во изборната година каде засега доминира реториката на “патриотски настроениот“ Доналд Трамп, ама малце па чудно е да му се лепи ваква “патриотска“ етикета на Buweiser, пивото кое своите корени ги има од Чешка.

Колку што јас имам учено пивска историја, иако брендот Budweiser сега е во сопственост на AB InBev, чешката пивара Budějovický Budvar го спори тоа бидејќи се повикува на фактот дека пиво со назив Budweis потекнува од реонот на Јужна Бохемија (денешна Чешка) и тоа таму се полнело почнувајќи од 1400-тите каде локалците од германско потекло пивото го крстиле Budweiser Bürgerbräu и го произведувале сериски од 1795-тата. Пивото почнало да се увезува во САД во 1875 год. Германскиот имигрант во САД Adolphus Busch кој го создал Budweiser во САД, на едно рочиште на суд на кое се расправало за сопственоста и потеклото на брендот, фино-лепо си кажал дека сакал да создаде пиво кое ќе потсеќа по мирис и вкус на Бохемија и неговото пиво е во чест на чешкото.  Поради ова во цела Европа, правото на името Budweiser го има чешката пивница, а американскава верзија оди со името “Bud”.

Било како, Доналд Трамп како што не останал покус за ништо, брзо-брзо ја искоментира и оваа новост, изјавувајќи дека е “поласкан и многу му е драго“ за новата кампања на Bud и комуникацијата дека “Америка е во Вашите раце!“.

Како што стгнуваат информации, се предвидува дека кампањата ќе вклучува делови од заклетвата за лојалност кон Американското знаме и текстот од националната химна, како конзументите би биле инспирирани да ги слават американските заеднички вредности и слободата.

Наздравје Америка !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365