Home » Во фокусот » Дали ЕУ се подготвува да го уништи интернетот со новиот закон за авторски права?

Дали ЕУ се подготвува да го уништи интернетот со новиот закон за авторски права?

Со желба да се воведе ред на интернет кога се работи за авторските права, Европската унија во законот за авторските права, додаде Член 13 кој ги обврзува сајтовите да воведат филтер за аплоадирање кој ќе проверува дали станува збор за авторско дело што потпаѓа под заштита на овај закон. Постои оправдан страв дека сега озлогласениот член 13 ќе го уништи интеренетот, наместо да го чува

На 20 јуни, Комитетот на Европскиот парламент ја одобри контроверзната реформа на законот за авторски права. Идејата е стариот закон да се освежи во согласност со времето, но исто така да ја зајакне контролата на авторските права на интернет. Најголемиот проблем е Членот 13 од новиот закон, т.е. Директивата за авторски права, која го дефинира воведувањето на филтер за авторски права. Тоа е еден вид на цензорски филтер кој ќе мора да го воведат сите онлајн платформи, за да се контролира што корисницитете поставуваат на интернет. Ова значи дека секоја фотографија, видео, аудио, текст, па дури и програма, ќе биде контролирана, а содржината ќе биде блокирана доколку ги прекрши одредбите на законот.

Член 13 – напад врз слободата на говорот?

Првата жртва од воведувањето строга контрола под изговор на авторските права е самата суштина на интернетот – слободата на говорот. Интернетот беше до скоро (и се надеваме дека ќе продолжи да биде) место каде што можете да го искажете своето размислување на повеќе креативни начини – од коментирање на некои вести до споделување на мултимедијални содржини.

Со новиот член, ЕУ сака тоа практично да го укине. Уредбата сака да воведе ред пред се` на најпопуларните сајтови каде што се споделува содржина, како што се Фејсбук и Јутјуб, но исто така и многу други. Сегашната ситуација ви овозможува слободно да се изразувате на порталите, а истите овие портали да не се одговорни за содржината која се поставува, бидејќи не се занимаваат со уредување на содржината на корисничките објави. Член 13 ќе го промени ова, а кога големите компании стануваат одговорни и се предмет на тужба, играта ќе се промени значително – на штета на корисниците.

Се чини дека ЕУ сака да ги принуди големите играчи да воведат автоцензура и контрола на содржината, бидејќи според новите правила тие ќе бидат одговорни доколку некој корисник стави фотографија симната од интернет, се повикува на некое авторско дело или користи видео на кое нема право. Во овој случај, сопствениците на авторските права ќе можат да ги тужат, на пример, Јутјуб, Фејсбук, Реддит и генерално секој портал кој објавува нешто што не е во согласност со законот за авторски права.

Членот 13 ги обврзува сајтовите да воведат филтри за содржини за да го контролираат она што се објавува и дали е во согласност со авторските права. Сè ќе биде предмет на проверка преку филтри кои ќе ја блокираат секоја објава доколку се утврди дека законот не е почитуван. Според новиот закон, овие филтри ќе треба да ги постават онлајн платформите, како на пример Фејсбук, заради контролирање на објавените содржини. Откако корисникот ќе ја постави содржината, таа ќе се споредува со базата на податоци во која се чуваат сите содржини заштитени со авторски права. Ако се утврди дека содржината не е оригинална, постот ќе биде блокиран.

Едно од компромисните решенија би било големите компании како Фејсбук и Google да направат некој (полу) успешен филтер кој ќе го контролира сето она што се објавува. Таквиот систем би бил автоматизиран, што значи дека во голем број случаи некој робот одлучува дали вашиот пост е подобен за објавување. Ова отвора огромна можност за грешки и злоупотреби, како што се случувало и досега, каде што одлучувањето е оставено на автоматизиран систем. Едноставно, не постои сигурен начин на кој системот правилно ќе го идентификува она што спаѓа под прекршување на авторските права, а што е исклучок, како цитирање и пародија.

Ова не е крајот – сајтовите ќе имаат големи проблеми, дури и во случај на внесување коментари од Твитер! Но уште повеќе, на удар ќе се најде дури и содржината која се смета за бесплатна, како што е додавање содржина на Википедија. Истото важи и за споделување на кодови, а многу лесно може да се случи алгоритмот погрешно да процени одредената содржина и да ја блокира.

Експертите укажаа на проблемите кои ги носи Член 13

Критичарите на член 13 од новиот закон, сметаат дека воведувањето на филтерот претставува закана за креативноста и слободата на изразување на интернет. Мемињата, пародиите и цитатите повеќе нема да можат да се објавуваат, бидејќи алгоритмите ќе ги препознаат нив, како кршење на авторските права. Исто така е јасно дека системот нема да може да го сфати контекстот на содржината – што ако некој објави видео каде што едно лице носи маица со слика на албум на некој бендот? Во овој случај, алгоритамот ќе го блокира видеото поради “кршење на авторските права”. Посебен проблем претставува и преносот на интернет – како ќе се обезбеди заштита во реално време?

Над 70 истакнати експерти испратија остри критики во отворено писмо, а со нив се согласува и Јулија Реда, член на Европскиот парламент, критикувајќи го огромните можности за злоупотреба, цензура и едноставна грешка во оценувањето што да се блокира, а што не. Таа на својот сајт го објасни овој феномен како “убиец на стартапи”. Работата е дека филтрите ќе бидат толку сложени што само големите технолошки гиганти ќе можат да ги развијат. Малите компании и стартапи нема да можат да си дозволат сопствено креирање филтри. Секоја мала платформа која нуди содржини кои ги поставуваат корисниците, ќе мора да купи систем за филтрирање од големите компании. Јасно е дека ова ќе доведе до монопол и заработки за големите играчи како што се Гугл или Фејсбук.

Ефектот врз секојдневниот живот

Ако се усвои Член 13, големите компании ќе инсталираат алгоритми кои ќе се обидат прво да се заштитат самите себе, дури и ако прават грешки на штета на корисниците. Оние кои не можат да си дозволат такви филтри, едноставно ќе забранат било какво објавување од страна на корисниците. Јасно е дека со влегувањето во сила на Член 13, слободата на говорот ќе биде премногу скапа, додека (авто) цензурата ќе доминира на интернет.

Конечната одлука ќе зависи од гласањето во Европскиот парламент што ќе се случи во јули. Голем број луѓе побараа вето за овај член, но ако тоа не се случи, членот 13 ќе стапи на сила и Интернетот ќе се промени засекогаш. Се чини дека GDPR беше само најава за големите промени што доаѓаат, со цел државите и големите корпорации да можат полесно да ги контролираат содржините на интернет. Дали Европската унија ќе го донесе овај бирократски закон, зависи од пратениците во Европскиот парламент, каде што мнозинството на пратениците се дел од постарата генерација, која и не ја разбира премногу интернет комуникацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365