Old Spice и агенцијата &play го создадоа The Smellmeter – апсурден уред кој го мери телесниот мирис на ликовите во видео игрите
Кој треба да знае кога лик од видео игра почнува да се поти и да мириса лошо? Никој. Па така, Old Spice создаде цел физички уред кој го мери овој многу специфичен параметар. :)
The Smellmeter е проект на бугарската креативна агенција &play studio и вклучува изработка на скулптура на нос од 35 cm, гордо поставена на пиедестал. Го детектира движењето на ликот од видео играта и го прикажува во форма на мерач за МИРИС/БЕЗ МИРИС. Колку повеќе ликот се движи и врши физички дејствија како што се трчање, скокање, пукање, јавање, толку повеќе мерачот паѓа и ноздрите почнуваат да светат црвено.
Уредот беше лансиран при пренос во живо на Twitch и го користеше разговорот на гледачите: секое споменување на клучниот збор СВЕЖО на Old Spice кај него предизвикуваше спротивна реакција – стрелката на мерачот се подигнуваше, а ноздрите почнуваа да светат зелено.
„Гејминг стримовите им овозможуваат на брендовите и на креаторите на содржини можност да го развлечат ова инаку бесрамно пласирање на производи во форма на искуство, предизвик или натпревар. А, Old Spice е бренд кој сосема природно се вклопува во овој свет на случаен хумор, внатрешни шеги и потребата на публиката за интеракција“ – коментира Иван Тотев, креативен директор во &play studio.
The Smellmeter спаѓа токму во таа категорија со обезбедување еднакви можности за безумна забава и органскo позиционирање на производи. Неговиот деби-стрим минатата недела собра повеќе од 240.000 минути активно гледање и повеќе од 16.000 коментари. RPG, спортски игри, авантури, па дури и аркадни игри му обезбедуваат на брендот речиси бескрајни дополнителни можности за содржина.