Home » Во фокусот » Дали Microsoft ја украде оваа идеја од Reddit за својата реклама за Xbox?

Дали Microsoft ја украде оваа идеја од Reddit за својата реклама за Xbox?

По жалбата на Reddit, компанијата ја отстрани рекламата

“Мајкрософт” тврди дека истражува како дошло до тоа нивната рекламна кампања да користи креативен концепт кој неодоливо наликува на сликата на еден фан објавена на Reddit.

Рекламата за играта “Player Unknown’s Battlegrounds” за Xbox One содржи визуелен изглед кој изгледа речиси идентично со делото кое корисик на Reddit го објавил во дискусијата посветена на оваа игра.

Корисниците на Reddit во средата укажаа на сличноста помеѓу рекламата и оригиналниот пост, по што Microsoft ја отстрани рекламата.

Ја отстранивме оваа содржина и моментално го испитуваме случајот“, изјави портпаролот на Мајкрософт за AdAge.

И постот на Reddit и рекламата за Xbox покажуваат конзола на чија горна страна иам бојно поле и еден осамен војник кој ѕирка од високи треви. Засега, не е познато дали рекламата била направена интерно или ja изработила една од агенциите за Xbox.

Корисникот на Reddit кој го објави ова креативно дело, а на платформата го користи името Macsterr, е убеден дека се работи за неговиот концепт и дека не е во прашање случајност. Macsterr, инсистира на тоа дека оригиналниот пост стана доволно популарен за да стигне до маркетинг тимовите кои работат на Xbox.

Мојот изворен пост има 63.000 прегледи“, напиша Macsterr во коментар на друго лице кое праша на Reddit дали е можно Xbox да ја има истата идеја. “Значи, тоа е невозможно“, додаде Macsterr.

Не е првпат некоја компанија да е обвинета за позајмување на идеи од постовите на Reddit. Во 2016 година, Axe зеде идеја од форум на Reddit на тема “Резмислувања под туш“, каде што луѓето објавуваат чудни и интересни идеи. Axe сними реклама за размислувања под туш, и едно од тие размислувања беше целосно ископирано од форум на Reddit.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365