Home » Во фокусот » Дали некогаш сте пробале да направите лего автопортрет?

Дали некогаш сте пробале да направите лего автопортрет?

“Лего“ во своите продавници во Лондон постави апарат кој на посетителите им дава Лего сет да направат свој сопствен автопортрет.

Една од омилените играчки веројатно на секое дете, откри уште еден начин да се поврзе со своите фанови. Поточно, Лего инсталира кабина во своите продавници во Лондон во кој посетителите можат да направат фотографија од своето лице, која апаратот потоа ја претвара во постер кој служи како еден вид на нацрт за изработка на вашиот сопствен, персонализиран Лего портрет.

Оваа комбинација на автомат и кабина за сликање, исто така издава комплет со Лего коцки кои се потребни за составување на сликата, а сето тоа чини околу 125 USD.

Сетот на коцки којшто апаратот го издава всушност е однапред спакуван, и не е прилагоден стриктно за лицето на поединецот. Ги содржи сите делови кои се потребни да се направи постер во пет бои на начинот на кој е опишан погоре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365