Home » Во фокусот » Дали Нетфликс ќе загуби дел од своите најпопуларни содржини?

Дали Нетфликс ќе загуби дел од своите најпопуларни содржини?

Некои од содржините кои корисниците на Нетфликс ги гледаат најмногу, според податоците од извештаите на Нилсен, најверојатно ќе ја напуштат платформата и ќе се преселат на сопствени стриминг платформи

 

Извори: Nielsen, Wall Street Journal, Fast Company

Со најавите за нови платформи за видео стриминг, кои доаѓаат од голем број на големи играчи во филмската и телевизиската индустрија, многу е веројатно дека Нетфликс би можел да го изгуби својот сегашен статус како најдобро место каде што можете да се релаксирате гледајќи ги репризите на своите омилени серии, како што се The Office, пишува Волстрит журнал.

Имено, Нетфликс несомнено својата популарност ја изгради на неколку одлични оригинални серии и филмови, но нивната оригинална содржина не е всушност она што ја држи публиката залепена за екраните. Според податоците од извештаите на Нилсен, 72% од времето поминато на оваа платформа, всушност отпаѓа на не-оригинални наслови, а 8 од 10 најгледани серии на Нетфликс се всушност стари хитови, како што се The Office, Parks & Recreation, Friends и други.

Сите овие серии ќе бидат расфрлани со појавата на нови платформи кои ги отвараат нивните оригинални студија и издавачи. Дизни веќе го напушти Нетфликс, а редот на оние кои се подготвуваат да заминат станува се` подолг.

Сепак, во изјава за Вострит журнал, од Нетфликс изјавија: “Гледајќи го целокупното време на гледање, доминираат насловите со повеќе сезони. Повеќето оригинални наслови на Нетфликс имаат најмногу три или помалку сезони. Затоа се фокусираме на поединечни серии или филмови кои ги гледаат корисниците, за разлика од тоа колку време трошат со една серија во споредба со другите. И ако ги погледнете најчесто гледаните наслови, оригиналните Нетфликс содржини изнесуваат 10 од 10 во последниот квартал, а 21 од топ 25. “

Fast Company забележува дека Нетфликс веќе со години се подготвува за ваков тек на настаните, со значителни инвестиции во оригинални содржини како што се Stranger Things и The Crown. Само оваа година, компанијата ќе инвестира 12 милијарди долари во содржина, од кои дел ќе одат на оригинални наслови.

Но, додека раководителиите на Нетфликс ја фалат популарноста на овие серии во своите извештаи за инвеститорите и како што почнуваат да објавуваат податоци за гледаноста, статистиките покажуваат дека дури и кај популарните наслови како Stranger Things, гледаноста е помалку континуирана отколку кај репризираните наслови.

На пример, кога излезе втората сезона на оваа серија во есента 2017 година, гледаноста нагло се зголеми, но потоа бројките паднаа. Во период од 12 месеци, завршно со јули минатата година, Stranger Things е гледан вкупно 27,6 милијарди минути, според Нилсен. Во истиот временски период, корисниците потрошиле 45,8 милијарди минути со The Office на оваа платформа.

Како што стојат работите, 2019 ќе биде клучна година за Нетфликс, затоа што нивните три најголеми добавувачи подготвуваат лансирање на сопствени конкурентски платформи до крајот на годината, што всушност, може да биде добра вест за љубителите на оригинални наслови на Нетфликс, бидејќи компанијата ќе мора да пронајде начин да ги задоволи со нови понуди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365