Home » Во фокусот » Дали сте доволно храбри да си испратите e-mail во иднината?

Дали сте доволно храбри да си испратите e-mail во иднината?

Што би си порачале себе си во иднина?

Ова е еден од оние експерименти кои можат да ве воодушеват за неколку години. Или можеби да ве исплашат.

Идејата која се крие зад платформата FutureMe.org е едноставна. Потребно е да си напишете и да си испратите e-mail на себеси, кој ќе биде доставен неколку години подоцна.

Се разбира, ако не сакате да чекате неколку децении да го прочитате она што сте го напишале, постојат опции кои ќе ви ја испратат пораката за една, три или пет години.

Со кликнување на опцијата “изберете датум”, тоа може да биде многу подоцна, заклучно со 2068 година.

Својот e-mail можете да го споделете и со поширока публика, што овозможува опцијата “јавно, но анонимно”, а давателот на услугата се обвзува дека ќе ја користи вашата email адреса исклучиво за наведените цели.

Иднината на FutureMe Labs е неизвесна и може да исчезне за 10 или 20 години. Но, FutureMe.org функционира веќе 16 години, па шансата за да ви стигне сопствениот e-mail, сепак е можна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365