Home » Во фокусот » DAMconf 2017 ги носи западноевропските трендови на дигитален маркетинг на регионалниот пазар

DAMconf 2017 ги носи западноевропските трендови на дигитален маркетинг на регионалниот пазар

Без разлика дали сте професионалец во областа на дигиталниот маркетинг и огласување или сте едноставно само ентузијаст за оваа тема, имаме одлична вест за вас.

Овој ноември, Загреб по четврти пат ќе биде домаќин на DAMconf конференцијата каде ќе гостуваат светски познати професионалци од областа на дигиталниот маркетинг. DAMconf претставува една од од најпосетуваните конференции во регионот на тема дигитален маркетинг и адвертајзинг и е одлична прилика за запознавање со најновите дигитални трендови како и со највлијателните професионалци од маркетинг индустријата, брендови и претставништва на технолошки компании кои едноставно не смеат да се пропуштат.

DAMConf е сеопфатна конференција за дигитален маркетинг и огласување во регионот на југоисточна Европа. Секоја година организаторите носат говорници од западноевропските пазари кои на регионалните професионалци во живо им ги претставуваат реалните можности кои ги нуди дигиталниот маркетинг.

Картите за DAMConf моментално се продаваат по Early Bird цена, а по оваа поволна цена ќе можат да се купат до крајот на септември (ЛИНК). Главна тема на овогодинешната конференција е Како иновациите во технологијата го движат дигиталниот маркетинг.

Посетителите ќе имаат можност да ги видат последните маркетиншки трендови, вклучувајќи вештачка интелигенција, дигитално плаќање и други иновации кои се однесуваат на предизвиците на денешната маркетинг идустрија.

Говорниците на DAMconf се професионалци во областа на дигитаниот маркетинг кои доаѓаат како од западноевропските земји така и од регионот. Така посетителите ќе имаат можност да слушнат и видат претставници од највлијателните светски агенции како што се Manning Gottlieb OMD, Shazam, Coca-Cola и други брендови со успешна дигитална стратегија.

Главен медиумски партнер на овогодинешниот DAMconf е Nova TV, пионер во дигиталните содржини во регионот. Покрај медиумската поддршка, за програмата на конференцијата ќе допринесат и интересните теми и трендовите поврзани со дигиталните канали. Организатор на конференцијата е ClickAttack, најголемата мобилна огласувачка мрежа во регионот.

DAMconf ќе се одржи на 16 ноември во просториите на City Plaza Zagreb (поранешен Hypo centar). Картите се во продажба и можат да се купат на веб страната на DAMconf каде што може да се дознаат и повеќе детали во врска со конференцијата – www.damconf.com

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365