Дејвид Дрога, eден од најпознатите и најценети креативци во светот и основач и претседател на агенцијата Droga5, е назначен за нов генерален извршен директор и креативен претседател на дигиталната агенција Accenture Interactive.
Тој доаѓа на местото на Брајан Випл, кој ја водеше Accenture Interactive во последните десет години, а неодамна го најави своето пензионирање. Под негово водство, Accenture Interactive беше именувана за најголемата дигитална агенциска мрежа во светот во последните шест последователни години.
Промената стапува на сила од 1 септември 2021 година.
Треба да се истакне дека и двете споменати агенции, Droga5 и Accenture Interactive, се дел од истата корпоративна мрежа на компанијата за професионални услуги Accenture.
Под водство на Дејви Дрога, Droga5 беше именувана за „агенција на годината“ повеќе од 25 пати, како и „агенција на деценијата“ од магазините Adweek и AdAge. Пред основањето на Droga5, Дрога беше првиот глобален генерален директор на мрежата на Publicis, а пред тоа вршеше клучни креативни лидерски улоги во повеќе агенции низ Австралија, Азија и Обединетото Кралство. Дејвид Дрога моментално важи за најнаградуваниот креативец на меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions.