Home » Во фокусот » Давор Брукета е избран за нов претседател на Управниот одбор на HURA

Давор Брукета е избран за нов претседател на Управниот одбор на HURA

Собранието на HURA (Хрватско здружение за деловни комуникации) вчера избра ново раководство на здружението кое ќе претседава во наредните четири години. За Претседател на Управниот одбор на HURA е избран Г-дин Давор Брукета од агенцијата Bruketa&Žinić, додека пак останати членови на Управниот одбор ќе бидат и Божидар Абрамовиќ (OMD Media), Даниел Акерман (Degordian), Марио Фрацуљ (McCann Zagreb) и Андреа Штимац (Direct Media Komunikacije).

Davor Bruketa

Новоизбраниот претседател на HURA, Давор Брукета по повод именувањето изјави : “Новото раководство на HURA пред се ќе работи на зголемување на извозот и користењето на заедничките знаења за ширење на нови пазари. Освен тов, ќе работиме и на детектирање и привлекување на нови членови, на сите вистински учесници во нашата индустрија и нивно обединување околу заедничките предизвици и нивните решенија а исто така ќе се посветиме и на воведување на нови сертификати во струката. Ќе продолжиме со досегашните успешни проекти како што се националниот фестивал “Денови на комуникациите”, регионалната ревија BalCannes и HowToWOW едукативната програма, кои беа изградени од досегашното раководство на чело до Дамир Циглар од агенцијата Imago и сеуште извршната директорка Дуња Ивана Балон“.

Покрај управниот одбор, избрани се и нови членови во неколку работни тела на HURA. За нов претседател на Собранието избрана е Андреа Шумановиќ (Unex Grupa), а функцијата подпретседател ќе ја извршува Крешимир Рензо Просоли (Real Grupa). Во судот на честа се избрани и Камило Антоловиќ (K&K promotion), Лука Дубоковиќ (BBDO Zagreb) и Невен Јацменовиќ (Nivas).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365