Home » Во фокусот » Дебата: AdWords или платени реклами на социјални мрежи?

Дебата: AdWords или платени реклами на социјални мрежи?

goat_fighting-horns-150x150.jpg-900x514

Неколку или повеќе години луѓето кои работат маркетинг се помалку збунети со оваа дебата. Кога стартуваа социјалните медиуми се отворија дебати за истражувањата наспроти социјалните медиуми. Кога е-маил направи “камбек“ вниманието се сврти кон содржинскиот наспроти е-маил маркетингот.

Денес дебатата се однесува на платените реклами на социјалните медиуми наспроти AdWords или влог за оптимизација на клучни зборови. Ова е бесцелна дискусија, зошто засебно и двете опции носат различни бенефити кои го водат напред вашиот бизнис.

AdWords рекламите и адовите за Социјални медиуми генерираат различни резултати
Ова го откривме кога пристапивме до една објава која се однесуваше на митовите за SEO оптимизација. Оваа алатка помага да се прочита намерата на корисникот. Што значи, кога корисниците пристапуваат на Google, тие активно пребаруваат нешто: да купат производ, да споредат цени, да пронајдат маркет во близина на нивното место на живеење и сл. Тоа се луѓе кои решиле во моментот да купат нешто. Со фокус кон високо квалитетни пораки може да ја таргетирата посакуваната целна публика. Целта е на крај да ги поттикнете да ја направат конечната одлука. т.е да го купат вашиот производ или услуга.
Откако луѓето ги користат социјалните мрежи нештата станаа различни. Не размислуваат за ништо специфично и впрочем не ни планираат да купат нешто. Тие само истражуваат. Што значи дека, треба да го искористите моментот и со помош на платените реклами да го привлечете нивното внимание.

На вашиот бизнис му се потребни двата типови рекламирање
Оние што се решителни и сакаат да купат нешто, ќе го купат. Но што со луѓето кои се нерешителни?

Се разбира во моментот не, но ние може да ги убедиме во иднина да купат.
Платените реклами колку сакате може да ги игнорирате. Но конкуренцијата “работи на случајот“ и со реклами прави енормни продажби. Па, не е ни чудно ако ги земе и вашите потрошувачи. Следете ги модерните трендови за продажба и активирајте се со кампањи на социјалните медиуми.

PPC (плати по клик) во 2016: излегува на сцена со двостран пристап
Со зголемениот интерес за рекламирање на социјалните медиуми PPC го прошири својот таргет при купување. Се вклучува во последната фаза: кога корисникот се одлучува да купи. Па нивната модерна стратегија најпрво прибира информации за социјалните огласувања и за рекламите со користење на клучни зборови.

Запаметете ги клучинте поенти како овие два адвертајзинг пристапи може да ги користите за Вашиот бренд:

1. Рекламирање на социјални медиуми
Претставување на вашиот бренд пред новите потенцијални клиенти и давање насока во процесот на купување.
2. AdWords (спонзорирање на клучни зборови)
Таргетирање на корисниците кои се решиле да купат некаков производ и продажбата да ја затворат веднаш.

Како што кажавме побројни се оние кои имаат помала намера да купат. Значи, потребно е поголемо ангажирање за да ги убедиме да купат. Во ваков случај, победници се оние кои инвестираат во платена реклама зошто ги поттикнуваат корисниците да го променат своето мислење и намери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365