Home » Во фокусот » Дела од целиот свет добија награди на 9-тиот Скопје Постер Фестивал

Дела од целиот свет добија награди на 9-тиот Скопје Постер Фестивал

????????????????????????????????????

Скопје Постер Фестивал пред многу бројната публика во Музеј на Град Скопје ги претстави победниците на овогодинешното девето издание.

““Криза на идентитет“ беше темата на овогодинешниот конкурс, која сметавме дека е актуелна во целиот свет, тоа го покажа и бројката од 33 % зголемување на пристигнати дела во однос на минатите години, како и разноликоста на учесниците. Делата од сите континенти  се доказ за големиот интерес за темата и овој вид на уметност„ рече Гере Трипков, организатор на настанот и претседател на Здружението „ПлакАрт“.

Г-дин Гере Трипков

Г-дин Гере Трипков

Жири комисијата составена од пет меѓународни судии Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија) по четри часовно жирирање ги додели 10те награди: две главни награди од ист ранг, 2 специјални награди и 6 почесни награди.

Претседателот на комисијата Тони Васиќ пред присутните ги претстави добитници на награди од ист ранг: Мигуел Ангел Рангел, Универзитет во Сан Луис Потоси од Мексико и Река Немеди Варга од Метрополитен Универзитет – Будимпешта, Унгарија.

Двете специјални награди од жири комисијата беа доделени на Шујун Лиу, Ксиамен Универзитет, Тан Ках Ки Колеџ, Кина и Дикле Јилдирим, Докуз Универзитет, Турција.

skopje-poster-festival

Додека пак,  почесни признанија добија кај Јуниј / Зежун Шан / Уанг, Мериленд Институт – Колеџ за уметност од САД, Кајли Димик, Пратт Школа за дизајн од САД, Лазар Митровиќ, Факултет за филологија и уметност од Србија, Инес Филипа да Коста Пимента Кардосо, Школо за убави уметности и дизајн од Португалија, Никола Марфи, Универзитет од Болтон, Обединето Кралство и Карол Шчепанкиевич, Универзитет Никола Коперник од Полска.

Фестивалските денови продолжуваат со презентации и работилници од светски реномираните предавачи, чии дела се наоѓаат по светските музеи, на теми  „Македонија како туристичка дестинација“, „Дизајнирај влијателен социјален плакат“, „Плакат, уметност од улицата“ и „Дизајнирање постер за џез настан“ се наменети за сите студенти и професионалци дизајнери.

Изложбата на плакати во Музеј на Град Скопје ќе биде поставена до 30ти Ноември. Повеќе информации за 9-тиот Скопје Постер фестивал на официјалната веб страна http://skopjeposter.com/mk/

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365