Најголемата компанија за професионални бизнис услуги во светот Deloitte го назначи Мет МекГрат за нов глобален генерален маркетинг директор, почнувајќи со работа од 1 септември. Функцијата досега ја извршуваше Дијана О’Брајан.
МекГрат се приклучи на Deloitte во 2017 година како генерален маркетинг директор за Австралија, позиција која сега ќе ја наследи Рошел Тагнети. МекГрат претходно работел австралиската телевизиска мрежа Network 10, а пред тоа во агенцијата Y&R Brands A/NZ. Напоредно со глобалната директорска функција, тој ќе ја извршува и функцијата на генерален маркетинг директор за регионот на Пацифичка Азија, на која беше назначен пред 18 месеци.
„Задоволни сме што стручноста и влијанието на Мет се препознати во највисоките нивоа на компанијата и сметаме дека тој ќе продолжи да ја засилува нашата репутација како светски лидер во креативните бренд и маркетинг кампањи,“ истакна Питер Форестер, управен партнер за клиенти, индустрии и пазари во Deloitte.