Home » Во фокусот » Денес почнуваат Денови на комуникациите во Ровињ

Денес почнуваат Денови на комуникациите во Ровињ

Во трите фестивалски денови посветени на најновите светски трендови и извозниот потенцијал на хрватската креативна индустрија, се очекува рекорден одзив на учесници

dani komunikacija

Четвртото издание на Денови на комуникациите, централниот национален фестивал за огласување во Хрватска, денес почнува во Ровињ во хотелот Lone. Оваа година се очекува рекорден одзив на учесници за кои организаторите припремија богата конференциска програма посветена на најновите светски трендови и извозниот потенцијал на хрватската креативна индустрија. Веќе традиционално, на Денови на комуникациите ќе се доделат најважните награди за креативност и ефикасност на маркетинг комуникациите IdejaX, Mixx, Effie и за прв пат наградата Young Lions за млади агенциски професионалци.

Фестивалската програма се отвра со предавањето на Cristiana Clite, координатор на социјалните мрежи на IKEA за Југоисточна Европа на тема “Let’s ‘kill’ the digital strategy – integrating digital into the business”, во кое ќе објасни како да се интегрира дигиталната во работна стратегија со цел унапредување на работењето и односите на компанијата спрема своите потрошувачи.

Jan Jilek i Davor Bruketa

Во петок на распоредот се лидерите на светската маркетиншка индустрија меѓу кои се истакнува Ivan Pols од агенцијата Adam&Eve која е заслужна за една од најпознатите божиќни реклами Man On The Moon за компанијата John Lewis, Lisa Larsson од Шведскиот институт која работела на проектот “Curators of Sweden”  и еден од најдобрите предавачи на фестивалот Eurobest Rogier Vijverberg. Во петок на распоредот е и првиот дел од платформата “Export Stage” во која инвеститорот и претприемач Nenad Bakić ќе разговара со претставниците на хрватската креативна индустрија кои своите производи и услуги успеале да ги изнесат надвор од границите на Хрватска.

Во сабота програмата продолжува со инспиративното предавање на повеќекратниот наградуван дигитален стручњак Krisa Hoeta, потоа Francesa Ursa – бренд менаџер на компанијата Procter&Gamble, стручњакот за однесување на потрошувачите Thoma Theysa и други, но вклучува и домашна сила која ќе зборува за тоа како Хрватите ги користат медиумите и какво е влијанието на продажниот простор на однедувањето на луѓето.

Во неформалниот дел на програмата учесниците во петок и сабота ги очекува два networking панели PPP, веќе на сите добро познатото Пиво после програмата, и забавен дел кој во петок вклучува фан(к)тастичен концерт со Ante Gelo Band и саботен настап на бендот Lollobrigida.

Сите дополнителни информации можете да ги пронајдете на web страницата на фестивалот www.danikomunikacija.com

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365