Вкупно 32.372 апликации пристигнаа на Cannes Lions 2018
Денес, започнува Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions, кој до петок оваа недела ќе донесе вистински празник на креативност и учење, како за учесниците, така и за натпреварувачите.
Организаторите потврдија дека стигнале вкупно 32 372 пријави за наградите оваа година. Најкреативните кампањи од 90 земји ќе се натпреваруваат во 26 категории за престижните Лавови, а организаторите истакнуваат дека, судејќи според пријавените кампањи, популарноста на овие награди особено е во пораст меѓу клиентите.
Во жирито составено од водечките креативни лидери во светот, по втор пат имаме претставник од Македонија, откако повторно Душан Дракалски беше поканет да учествува во оценувањето на дел од пријавените проекти од целиот свет.
Филип Томас, извршен директор на Ascential Events, матичната куќа на Cannes Lions, изјави: “Минатата година донесовме одлука да го притиснете копчето за “ресетирање “на Канските Лавови. Затворивме три големи категории на Лавови, отстранивме и комбиниравме многу подкатегории. Знаевме дека тоа ќе значи помал број на апликации, но гледано на долг рок, тоа беше правилна одлука. Оваа одлука дојде после значајниот притисок од некои светски играчи во креативна индустрија, особено на Публицис Група, која направи едногодишна пауза од наградите и фестивалите во индустријата на креативноста. Намалувањето на бројот на категории резултираше со пад на пријавите на Фестивалот од 8%.
Пријавените проекти оваа година, исто така, покажуваат промена во видот на компании кои ги пријавите нивнати кампањи за награди, каде што бројот на брендовите кои ги регистрираат своите кампањи се зголемил за дури 84%, во споредба со минатата година! Жозе Папа, извршен директор на Cannes Lions, вели дека “ова е потврда за маркетинг лидерите дека се зголемува разбирањето за вредноста која ја има креативноста за работењето и рентабилноста.” Друга значајна промена е зголемувањето на бројот на медиуми кои пријавуваат кампањи, а нивниот број се зголемил за 59% во споредба со 2017 година.
Глобалното жири веќе вредно работи на оценување и наградување на креативната извонредност од целиот свет, а добитниците на Лавовите ќе бидат објавени на церемониите за доделување наградите за време на целиот фестивал од 18-22 јуни.