Home » Во фокусот » Денеска почнува Голден Драм 2015. Десет проекти од Македонија меѓу пријавените 1208

Денеска почнува Голден Драм 2015. Десет проекти од Македонија меѓу пријавените 1208

Денеска во Порторож, Словенија започнува 22-то издание на меѓународниот адвертајзинг фестивал Голден Драм.

golden drum 2015

За престижните награди на еден од фестивалите со најдолга традиција на нашите простори, пристигнале  1208 пријави од 25 земји на Нова Европа. Од Македонија оваа година во конкуренција за една од наградите пристигнаа дури 10 пријави од 5 агенции.

За главната награда GoldenNet, како и останатите Голден Драм признанија, ќе се натпреваруваат проекти пристигнати од 26 различни мрежи. Од вкупниот број на пријавени проекти, 396 стигнале од независни агенции.

Оваа година, жири комисиите ќе бидат предводени од страна на Chavo D`Emilio – претседател на Single Channel жирито и Geoffrey Hantson – претседател на Multi channel жирито.

Фестивалот трае до петок 16-ти а како што ќе доаѓаат резултатите ќе ги имате и на Маркетинг365.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365