Во минатите две изданија, NEM (New Europe Market) ги привлече професионалците од областите на IPTV и кабловската дистрибуција, телевизија, продукција и маркетинг, како и водечките м медиски експерти, за да го откријат големиот потенцијал кој овој регион го нуди.
Повеќе од 250 компании од целиот свет го препознаа NEM како едниствен настан кој отвара нови можности на соработка и создава нови работни пријателства, и како место каде се разменуваат идеи и каде сите можат да научат нешто ново од колегите во индустријата.
Панелите на NEM даваат увид во најактуелните теми, па така, во само две години на панелите гостуваа над 120 најекспонирани говорници кои ги пренесоа своите искуства, мислења и know-how во врска со новите технологии, предизвиците кои ги носи адвертајзингот во мултимедијалната доба и управувањето со социјалните мрежи со цел зголемување на препознатливоста на телевизиските содржини.
NEM 2015 ќе ги истражува можностите на новите медиуми како и иднината на телевизиските содржини, собрирајќи ги најеминентните професионалци и експерти за сите вклучени во медиската индустрија кои учествуваат на настанот да добијат подобар увид во новите трендови.