Богата натпреварувачка и едукативна програма ги очекува учесниците на 25 Golden Drum кој започнува од денеска и ќе трае до петок.
Експертите од креативните индустрии денеска се среќаваат во Порторож, Словенија, на јубилејното издание на Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, кој во текот на три денови, од 17 до 19 октомври, ќе обезбеди инспиративни говори и работилници, многу можности за учење, богата натпреварувачка програма и одлични можности за вмрежување.
Во овие три дена, повеќе од 40 исклучителни говорници ќе зборуваат за изворите и значењето на инспирацијата за решавање на новите предизвици на иднината, ќе презентираат примери и начини кои можат да ни помогнат и самите да станеме иницијаторите на идните промени.
“Се обидуваме да вклучиме широк спектар на теми, покрај нашиот фокус на креативноста, така што фестивалот да обезбеди едно сеопфатно искуство колку што е тоа можно и програма која ве тера на размислување, која информира и инспирира. Голем дел од содржината на фестивалот е посветена на најдобрите практики и подобрување на деловните резултати. Затоа, бараме инспирација за решавање на идните предизвици во оние кои знаат како најдобро да ги откријат противречностите на современиот свет. Тие се најдобри катализатори за идните промени”, изјави Мојца Бришчиќ, претседател на фестивалот Golden Drum.
Делегатите ќе имаат можност да ги слушнат Sir John Hegarty, основач и креативен директор на агенцијата Bartle Bogle Hegarty, Велика Британија; Barry Wacksman, EVP и глобален директор на стратегија за R/GA, Њујорк; David Pivk, директор за бренд комуникации за Nike регионот на ЕМЕА; Jan Jelle de Boer, креативен стратег во MediaMonks од Холандија; Justin Billingsley, извршен директор на Publicis Emil, Велика Британија; Stephan Loerke, извршен директор за World Federation of Advertisers, Белгија; Martinа Olbertovа, основач на Meaning.Global, Велика Британија/Чешка; Mailine Swildens, директор на The ZOO за регионот на EMEA, од Франција, и многу други.
Фестивалот ќе биде проследен со можности за вмрежување, почнувајќи со приемот за добредојде, Meet and Greet, во среда вечер во 20.00 часот. Во четврток, учесниците ќе имаат можност да се забавуваат на Wild Wild East забавата на McCann Worldgroup, со почеток во 21.00 часот. Врв на фестивалот ќе биде златната гала вечер во петок, каде што ќе ги запознаеме добитниците на Golden Drum наградите и свеченото затворање на 25-ти јубилејен Golden Drum.