Home » Во фокусот » Денови на комуникации: AdBlock на адвертајзинг фестивалот

Денови на комуникации: AdBlock на адвертајзинг фестивалот

Бројни имиња на предавачи на Денови на комуникации веќе одамна се најавени, а денес е претставена целата програма на фестивалот. Организаторите открија уште еден интересен предавач, а на адвертајзинг фестивалот доаѓа ни помалку ни повеќе туку AdBlock. Во име на AdBlock системот, чија примарна цел е да ги блокира рекламите, ќе зборува Лаура Софи Дорнхем, раководител за комуникации во софтверската компанија Eyeo, чии производи се AdBlock Plus, AdBlock Browser и Flattr.

По повод претставувањето на програмата, претседателот на Управниот одбор на HURA, Давор Брукета изјави: “Фестивалот Денови на комуникации е место каде што се презентираат актуелните светски практики од комуникациската индустрија. Се разбира, донесуваме предавачи кои зборуваат за најдобрите глобални практики, но, истовремено им овозможуваме на посетителите да дискутираат со поединци чиј начин на работа е доведен во прашање, но не можеме да го игнорираме фактот колку оваа работа влијае во насока на развојот на индустријата и нејзината перцепција во очите на пошироката јавност. “

Директорката на Денови на комуникации и на програмата на фестивалот, Дуња Ивана Балон, се надоврзува: “Оваа година донесуваме големи имиња и поместуваме граници. На Денови на комуникации  ќе зборува за раководителот на кампањата на американскиот претседател, глобалниот креативен директор на една од водечките социјални мрежи – Твитер и претставник на компанија која се занимава со блокирање на рекламите, а истовремено промовира и т.н.Acceptable Ads иницијатива. Учесниците на фестивалот ги очекува содржина од интерактивен карактер, а воведуваме и нов формат на дебати, на кои ќе продолжиме да поставуваме прашања и да отвараме дискусија. За квалитетот на целокупната програма и пофалбите на досегашните предавачи зборува и фактот дека со бројот на пријавени учесници веќе одамна го надминавме вкупниот број на учесници од минатата година. “

Покрај претставникот на AdBlock, најавено е доаѓањето на Коди Фостер, потпретседател за информатичка стратегија во шестиот најголем медиумски конгломерат во светот – Viacom. Viacom вработува речиси десет илјади луѓе, а ја поседува и продукциската куќа Paramount Pictures (Титаник, Железниот Човек, Форест Гамп и др.) и популарните канали како MTV и Comedy Central. Коди се занимава со синтетизирање на податоците на Viacom и нивно преточување во содржина и интегрирана маркетинг комуникација, за што ќе зборува на Денови на комуникации.

Фестивалот Денови на комуникации ќе се одржи од 12 до 15 април во Ровињ. Во текот на траењето од три дена, програмата ќе се одржува паралелно во три сали. Заедно со 16 врвни предавачи кои ќе настапат во главната сала, учесниците ќе можат да слушнат и други содржини, меѓу кои се презентациите на финалистите на Effie натпреварувањето, кое ја слави ефикасноста на кампањите, како и финалистите на натпреварот на младите надежи Young Lions Croatia. Добрите практики и дискусии во кои може да учествуваат сите посетители на фестивалот како ППП, Пиво после програмата, ќе продолжат и оваа година, но се засилени со нов формат – дебати.

Предавачите кои се најавени во последните месеци, а кои ќе ги слушнеме на главната сцена, се: Jayanta Jenkins, глобален креативен директор на Twitter, Brad Parscale, директор на кампањата Доналд Трамп, Susan Credle, една од најмоќните жени во маркетинг индустријата, Mr. Bingo, врвен илустратор, креатор на контраверзни проекти, Graham Fink, еден од најнаградуваните креативни директори на светот и мултимедијален уметник кој “црта со поглед”, експерти кои ја користат технологијата во службата за бренд комуникација: Steve Lok, Oliver Kibblewhite и Christoffer Malmer, наградуваните експерти за односи со јавност Gabriela Lungu и Hermes Holm, Laura Sophie Dornheim, од AdBlock, Kodi Foster од Viacom, Alemsah Ozturk од агенција 4129Grey, James Kirkham, коментатор на тема дигитални медиуми и шест години по ред предавач на фестивалот Cannes Lions и други.

За повеќе информации за посетете ја официјалната страната на фестивалот www.danikomunikacija.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365