Home » Во фокусот » Денови на комуникации од 28 до 31 март во Ровињ!

Денови на комуникации од 28 до 31 март во Ровињ!

Photo: Matija Habljak/PIXSELL

Отворени се пријавите за хрватскиот национален фестивал Денови на комуникации. Новото издание на фестивалот ќе се одржи во Ровињ, во хотелот Lone, од 28 до 31 март 2019 година, а сите заинтересирани одсега ќе можат да го резервираат своето место на фестивалот и сместувањето во Ровињ.

“На Денови на комуникации повикуваме 50 предавачи од Хрватска и од светот. За три дена на едно место е одлична можност да се дискутира со нив, осврнувајќи се на сегашноста и да погледнеме во иднината, притоа да разговараме за глобалните промени кои се одвиваат на ниво на нашата индустрија – вештачката интелигенција и креативноста, персонализација на деловната комуникација и приватноста на интернет, гласовните команди (voice) и слични теми со кои се соочуваме секој ден”, изјави Дуња Ивана Балон, директор на Денови на комуникации и на програмата на фестивалот.

Само во 2018 година, фестивалот го посетија 3.000 учесници, со што за само две години е забележан пораст од 85%. Некои од говорниците на фестивалот беа директорот на кампањата на Доналд Трамп, Бред Парскале, глобалниот креативен директор на Твитер, Џејанта Џенкинс, Сири (Сузан Бенет), Питер Санде (ко-основач на торент порталот The Pirate Bay), Алекс Браун (ПР експерт и политички консултант), Наташа Џен (партнер во студиото за дизајн Pentagram) и многу други. Значењето на фестивалот го потврдува и поддршката на повеќе од 100 компании и медиуми, а големината на натпреварувањето- пријавите на 244 проекти и доделување 64 награди од страна на 40 членови на жирито.

Раните пријави по поволна цена траат до 8 февруари. Како и изминатите години, попуст е овозможен за членовите на HURA и IAB, а повеќе информации пронајдете на официјалнта веб страница: www.danikomunikacija.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365