Фестивалот Денови на комуникациите оваа година во Ровињ ќе ги собере врвните експерти кои својот печат во индустријата на деловното комуницирање го оствариле со разбивање на конвенционалните пристапи, поврзување на познати дисциплини на поинаков начин и залагање за нов пристап на комуникација воопшто. Така, посетителите на фестивалот ќе се запознаат со трендовите кои моментално се применуваат на пазарите во САД, Јапонија и Шведска, преку предавања на стручњаци од светски калибар.
Од Њујорк на петтиот по ред фестивал Денови на комуникациите, стигнува Natasha Jen, дизајнерка која е позната по остроумното и пристапно поврзување на дигиталните медиуми и архитектурата. Таа е најмлада партнерка во едно од најпрестижните студија за дизајн, студиото Pentagram во Њујорк.
Yasuharu Sasaki од Јапонија, извршен креативен директор на Dentsu со подлога во компјутерските науки, ќе го претстави својот иновативен поглед на технологијата, дигиталните решенија и дисциплината по пат на корисничко искуство (UX). Овoј визионер ја промовира идејата дека огласувачките агенции треба да се пренасочат од класичните комуникациски решенија спрема креативните решенија кои имаат моќ да го насочат целото работење на компанијата.
Иновативен пристап на комуникација на брендовите, претставен во книгата „Make Enemies & Gain Fans“, донесува рокерската марктинг агенција од Шведска, SNASK. Преку предавање и музички настап, ќе се спротистави на конзервативниот свет и така ќе ја провлече својата идеја дека брендовите не е доволно да имаат само верба, туку за неа треба и да се борат.
Фестивалот Денови на комуникациите ќе се одржи од 30 март до 2 април во хотелот Лоне во Ровињ, а раните пријави со посебна понуда за котизација и сместување се отворени до 1 март. За повеќе информации за програмата на фестивалот, котизацијата и достапните пакети и сместувањето, посетете ја службената страница на фестивалот: www.danikomunikacija.com.