Home » Extra 5 » Dentsu ветува дека ќе ги “елиминира долгите работни часови”, откако компанијата се соочува со обвиненија поради самоубиство на вработена

Dentsu ветува дека ќе ги “елиминира долгите работни часови”, откако компанијата се соочува со обвиненија поради самоубиство на вработена

Случајот против јапонската адвертајзинг групација Dentsu премина во друга фаза по 18 месеци од самоубиството на вработена која си го одзела животот поради компаниската култура на прекумерна работа.

Според информациите на медиумите The Japan Times и The Asahi Shimbun, Јавното обвинителство на Токио во петокот соопшти дека ќе бара обвинение против Dentsu Inc. поради сомненија за нарушување на работничките права, кои произлегуваат од смртта на 24-годишната Матсуи Такахаши, која се самоуби во декември 2015 откако на социјалните медиуми тврдела дека работела 100 часа прекувремено во еден месец.

Меѓутоа, никој од извршните директори на компанијата од Токио нема да се соочи со обвиненија. Според сторијата на The Japan Times, таа одлука произлегува од тоа дека менаџерите кои се дел од компаниската мрежа често ги нарушуваат трудовите закони на Јапонија, па ниту една индивидуа не може да биде изнесена пред одговорност.

Јапонското Министерство за трудови работи во неколку наврати направи увид во канцелариите на Dentsu кон крајот на 2016 година, а поранешниот CEO на компанијата Тадаши Иши ја соопшти својата оставка минатиот декември, откако локалните медиуми објавија дека официјални лица на институциите предложиле обвиненија против него и други неименувани директори.  Тошихиро Јамамото, кој ја вршеше улогата на постар потпретседател, се долучи да го следи примерот на Иши и поднесе оставка во Јануари.

Dentsu соопштија планови за основање и започнување со работа на “Комисија за реформи во работната околина” уште пред да се случат рациите на Министерството, и според портпаролот на компанијата, тие напори ќе продолжат.

“Ние ќе продолжиме напред со серија на иницијативи според нашиот план, вклучувајќи и подобрување на работните услови, реформирање на бизнис процесот и подобро менаџирање на човечките ресурси,” стои во соопштението кое компанијата го испратила до Adweek. “Ќе ги елиминираме долгите работни часа и ќе обезбедиме нашите операции во Јапонија во целост да се согласуваат со локaлните трудови регулации, додека настојуваме да поттикнеме одржлив раст за нашите вработени и организацијата.”

Претставниците на Dentsu одбиваат да елаборираат или коментираат директно за судскиот случај, а компанијата се’ уште нема официјално соопштение. Кога минатата година излегоа и се проширија вестите за очекуваните обвиненија, компанијата презеде одговорност, истакнувајќи: “Ние ја сфаќаме ситуацијата многу сериозно. Искрено се извинуваме на сите загрижени странки за предизвикувањето на оваа ситуација.”

Според локалните известувања, Dentsu најверојатно ќе се соочи со се’ уште неопределена парична казна за нарушување на повеќе трудови права. Мајката на Такахаши изјави за јапонските медиуми дека е незадоволна од одлуката, додавајќи дека надзорникот на нејзината почината ќерка избегнал обвинение и покрај тоа што наводно издал наредби кои ги прекршиле националните трудови закони.

Оваа ситуација се одвива за време на интензивна дебата за балансот помеѓу работата и животот која се одвива на глобално ниво во агенциските кругови. Најновиот бран на наслови беше делумно инспирарни од смртта на еден млад филипински работник на Ogilvy кој боледувал од пневмонија. Агенцијата ја оспори секоја врска помеѓу неочекуваната смртта и обемот на работа која тој ја имал.

Dentsu, која е една од петте најголеми агенциски холдинг компании во светот во поглед на приходи, поседува десетици агенции глобално. Според сопствени проценки, таа моментално вработува повеќе од 48,000 луѓе во 146 држави.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365