Home » Во фокусот » Дојче Телеком започна медиска ревизија во Европа вредна 450 милиони евра

Дојче Телеком започна медиска ревизија во Европа вредна 450 милиони евра

Дојче Телеком започна питч за своето работење за закуп на медиумите, вредно 450 милиони евра, а целата работа е дел од радикалната ревизија за поширока комуникациска стратегија на оваа компанија во Европа, пренесе британскиот магазин Campaign.

Според изворите на магазинот, најголемата телеком компанија во Европа тврди дека обемот на оваа медиска ревизија е „супер- прогресивен“ и дека истата може да го промени начинот на работење, бидејќи брендот ќе бара партнери и надвор од строго агенциските решенија.

Дојче Телеком веќе почна да ги контактира агенциите, вклучувајќи ја и MediaCom на WPP, моменталниот партнер во Германија, каде што овај телекомуникациски бренд вложува годишен медиски буџет од 300 милиони евра. Магазинот Campaign исто така напоменува дека ревизијата ќе влијае и на десетици други земји во Европа.

Според наводите, ревизијата ќе се спроведува во неколку делови, а можно е и некоја голема традиционална мрежа на медиски агенции повторно да управува со медиа закупот, но би можела да има намалена улога, затоа што Дојче Телеком размислува и други радикални промени.

Се очекува дека сопственикот на T-Mobile мрежата би можел да контактира консултански куќи и други фирми надвор од секторот на медиските агенции по прашањето за процесот на управување со медиската стратегија и увид.  Исто така постојат индикации дека Дојче Телеком би можел да користи компании надвор од вообичаениот сектор на медиски агенции за управување со програматичен закуп, податоци и имплементација на огласувачките технологии.

Еден извор напоменува дека спремноста на Дојче Телеком да превземе поголема контрола и да ја промени или ограничи улогата на агенциите, со воведување на консултански фирми и други партнери е радикална промена, и би можела да постави нови трендови.  „Дојче Телеком има навистина јасна идеја за тоа како сака нивниот ланец на медиско работење да функционира,“ додава изворот, споредувајќи го потегот за начинот на кој Procter & Gamble е проактивен во разгледувањето на улогата на своите агенции.

„Ова е уште еден пример на огласувачи кои покажуваат мускули и ја превземаат контролата, велејќи им на своите агенции ‘Ние ја дефинираме визијата и сакаме вие да работите по нашиот модел’.“

Дојче Телеком ја потвдри ревизијата. „Сметаме дека е нормална пракса во работењето да спроведеме ревизија на нашите партнери и доставувачи, и моментално работиме во областа на медиумите“,ијзави портпаролот на компанијата, истакнувајќи дека претставува „голем огласувач во Европа“.

Компанијата додаде дека е уште рано да потврдат или негираат било какви детали, вклучувајќи и дали ревизијата ќе биде спроведена во повеќе делови и дали ќе бидат ангажирани консултански куќи и други соработници надвор од секторот на традиционалните медиски агенции.

Дојче Телеком би требало да ги објави резултатите од работењето во 2016 година на 2 март, последниот ден од Mobile World Congress, најголемиот настан за глобалната мобилна индустрија.

Според извештаите за 2015 година, глобалните вложувања во маркетинг на оваа телекомуникациска групација изнесувале 2,6 милијарди евра, вклучувајќи го и САД.

Во оваа цифра не се вклучени само кампањите за производите и брендот, затоа што овие маркетинг трошоци вклучуваат “истражувања на пазарот, анализа на пазарот, студиите за целните пазари, одредување на маркетинг стратегија, дизајнирање на маркетинг микс и објавување и водење на маркетинг иницијативи“ се наведува во годишниот извештај на компанијата. „Тоа исто така вклучува и трошоци кои произлегуваат од програмата за задржување на корисниците, планирање на пазарот и сагментација, како и прогноза напроизводите.“

Дојче Телеком е најголема европска телекомуникациска компанија спрема пазарната капитализација, и е пред компанијата Водафон во Велика Британија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365