“Пост-вистина” беше зборот во 2016, а во 2017 година “лажни вести”
Misinformation – збор кој дефинира неточни информации кои се шират, без оглед на намерата, во време во кое се` поголема улога во ширењето на невистинита содржина во онлајн просторот имаат технолошките латформи, е збор на годината по изборот на сајтот Dictionary.com.
“Препознавање на дезинформациите како збор за 2018 година, открива уште една перспектива која можеме да ја добиеме размислувајќи за зборовите на нашето време”, вели Лиз Мекмилан, директор на Dictionary.com во соопштението кое го пренесува Poynter. “Самата нужност во лексиконот за дефинирање на зборот дезинформации доволно зборува”.
Лингвистот на Dictionary.com Џејн Соломон вели дека зборот дезинформации се повеќе се користи поради нивното се` почесто ширење во текот на последните неколку години.
Во соопштението на веб-страницата се наведува дека го избрале “misinformation” наместо “disinformation“, бидејќи вториот има намера да шири дезинформации, а додека зборот “misinformation“ дефинира неточни информации кои се шират, без оглед на намерата. Тие додаваат дека многу луѓе кои шират дезинформации на интернет, всушност, ја немаат таа намера, но веруваат дека делат вистинска содржина.