Home » Во фокусот » Diageo ги повлече сите реклами од Snapchat

Diageo ги повлече сите реклами од Snapchat

Еден од најголемите светски произведувачи на пијалоци, Diageo, донесе одлука да ги повлече сите свои реклами од социјалната мрежа Snapchat (Снепчет) додека не изнајде решение како своето огласување да го насочи само кон лица постари од 18 години.

Регулаторното тело кое ги прегледува огласите во Велика Британија (Advertising Standards Authority (ASA)) дало забелешка дека рекламата на Diageo за познатиот бренд на рум Captain Morgan, е многу веројатно дека е погледната и од деца под 18 години, колку што изнесува границата за забрана за конзумирање на алкохол.

Во образложението на регулаторното тело стои дека “ниту еден бренд на алкохол не смее да се огласува на медиуми каде повеќе од 25% од нејзината публика се под 18 години.“

Иако на оваа одлука на ASA, од социјалната мрежа Снепчет реагираа со изјава дека тие константно го подобруваат системот за ефикасно таргтирање и дека користат податоци за да ја верификуваат возраста на корисниците, сепак од ASA потенцираат дека ова верифицирање не е доволно бидејќи корисниците самите одлучуваат со каква возраст “ќе се пријават“ при креирањето на профилот на Снепчет.

Втората забелешка се однесувала на форматот на огласот, односно можноста со елементи на проширена реалност корисниците “да изгледаат како пирати“ кои наздравуваат со чаши алкохол и се слушаат извици “Captain” – според ASA е исклучително атрактивна за деца под 18 години и поради тоа не е во согласност со регулативите.

Раководството на Diageo одлучи да се однесува одговорно и ги повлече сите свои реклами и буџети од Снепчет (не само во Велика Британија) се додека Снепчет не изнајде начин како поуспешно да ја верифицира возраста на своите корисници и не обезбеди сигурен простор за огласување само пред полнолетна публика.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365