Дека дигитализацијата и креативноста може да се “то су срца два” докажа кампањата за уникатната изложба “Во земјата на змејовите” на Скопје Сити Мол. Маркетинг агенцијата Навигаторс, преку тизер кампањата дека сè повеќе Скопјани виделе огромни сенки, во Капрош 4, во околината на Скопје Сити Мол, предизвика лавина реакции кај читателите на порталите. Зголемениот интерес околу оваа тема ја постигна целта, и тоа непосредно пред да се објави вистинскиот банер за изложбата, кога се откри за што всушност навистина станува збор.
Исто така дизајнот на банерите кој што беше буквално ископиран како да е статија на порталите, потсетува на старите добри адвертајзинг денови, кога провокацијата беше предизвик, а (зло)употребата на контекстот беше прифаќана на начин: колку поостроумна – толку подобредојдена.
Вистински дизјан на кампањата