Позади името Direct NEURO, нов бренд за истражување на пазарот, стои искусен тим на невронаучници со светски референци и бројни истражувања и студии. Заедно со експертите за обработка на податоци и комуникација со брендови во DIRECT MEDIA United Solutions, а со користење на најсовремена невротехнологија, тие ќе ги испитаат несвесните реакции на потрошувачите на пораките кои им се пласираат преку реклами и содржини на социјалните медиуми. Покрај маркетингот, оваа технологија наоѓа примена и во областа на човечките ресурси.
„За донесување какви било одлуки, најважно е да се има добри сознанија кои што се базираат на што порелевантни податоци, а не на генерализации. Direct NEURO истражувањата ќе ги опфати маркетингот и човечките ресурси и ќе овозможи да имаме длабински и реален увид во тоа како реагираат потрошувачите на пораките што им ги испраќаат нивните омилени брендови, но и како реагираат вработените во одредени ситуации. На овај начин, можеме да дојдеме до заклучоци кои ќе доведат до подобри решенија и унапредување на работењето“, изјави Милица Марковиќ, менаџер за корпоративни комуникации во DIRECT MEDIA United Solutions.
Direct NEURO истражувањата се спроведуваат со помош на досега највисок квалитет на технологија и за разлика од постојните истражувања на пазарот со предзнакот „невро“, располага со современа опрема за Eye-tracking (следење на очите), EEG (Electroencephalography, односно мерење на активноста на мозочните бранови ), GSR (Galvanic Skin Response или мерење на реакција преку препотување), анализа на лицето и гласот.
Со комбинација на невро-истражувањата и класичните истражувања се постигнува околу 90% точност, наспроти користењето само на традиционални истражувања кои имаат до 30% точност, потврди Нилсен, најголемата светска компанија за мерење и обработка на податоци и истражување на пазарот.
„Класичните маркетинг истражувања веќе не се доволни за целосно да ги запознаеме потрошувачите. Затоа е време да се искористи сè што науката и технологијата овозможуваат денес, а тоа се невроистражувањата, кои инаку се глобално препознати како голем тренд за периодот кој доаѓа. Ние ќе користиме Direct NEURO за да добиеме релевантни податоци за потрошувачите, не само во работата со нашите партнери во Србија и регионот, туку и со сите брендови заинтересирани за тестирање на нивните комуникациски пораки. Постојано сме во потрага по нови начини за што подобро и попрецизно запознавање на целната група, а невроистражувањето ни го дава токму тоа“, вели Љубица Вукчевиќ, Head of Data Analytics & Insights во DIRECT MEDIA United Solutions.
Тимот на Direct NEURO ја спроведе првата локална невро студија за влијанието на социјалните мрежи врз мозокот на корисниците, чии откритија наскоро ќе бидат споделени со јавноста.