Home » Во фокусот » Disney ќе се натпреварува со Netflix со нова телевизиска услуга

Disney ќе се натпреварува со Netflix со нова телевизиска услуга

 

Disney ја претстави новата телевизиска услуга Disney +, која ќе почне да се емитува во САД на 12 ноември 2019. Гледачите ќе можат да добијат пристап до неа за 6.99 долари месечно.

За разлика од Hulu и ESPN + кои компанијата ги купи, Disney + ќе биде целосно лишена од реклама. Шефот на одделот во Disney за продажба на директни потрошувачи Кевин Мајер изјави дека компанијата размислува и да стави комбиниран пакет, нудејќи пристап до Hulu, ESPN + и Disney +.

Содржината ќе биде достапна за директно гледање преку интернет или за превземање за офлајн гледање. Во библиотеката ќе има различни секции за филмови и серии од Disney, Pixar, Војна на ѕвездите, Marvel и National Geographic.

Disney ќе создаде и голем број оригинални наслови, кои ќе бидат достапни само преку нивната услуга, слично на телевизиските преноси од Netflix. Тие вклучуваат серијали врз основа на стрипот Марвел и серијата Војна на ѕвездите.

Во 2021 година Дизни ќе ја нуди својата услуга за остатокот од Северна Америка, Латинска Америка и Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365