Акционерите на компанијата Twenty First Century Fox ја одобрија продажбата на одсекот за забава на компанијата Disney за 71,3 милијарди долари.
Со тоа во сопственост на Disney ќе припаднат и франшизите за X-Men и Avengers.
Преговорите започнаа во декември 2017 година, кога Disney ја даде првата понуда за дел од медиумскиот конгломерат на Руперт Мердок и започна лицитациската војна со Comcast, кој минатата недела се повлече за да се фокусира на купувањето на европскиот ТВ оператор Sky.
Купувањето на Fox ќе му помогне на Disney да се натпреварува со компании како што се Амазон и Нетфликс. Конечниот одговор нема да биде склучен уште неколку месеци, бидејќи е потребна дозвола од регулаторните тела.