Home » Во фокусот » До 2018 година младите многу повеќе ќе пристапуваат на интернет преку мобилен телефон отколку преку сите останати уреди заедно.

До 2018 година младите многу повеќе ќе пристапуваат на интернет преку мобилен телефон отколку преку сите останати уреди заедно.

Младите луѓе во најголемите рекламни пазари во светот до 2018 година ќе поминуваат повеќе време пристапувајќи на интернет преку мобилни телефони отколку преку сите други уреди заедно. Ова е клучниот заклучок од новата глобална студија спроведена од ZenithOptimedia и GlobalWebIndex а која се однесува на промените во однесувањето поврзани со употребата на мобилните телефони.

reading on mobile

Панел истражувањето во кое беа вклучени над 200.000 интернет корисници откри дека во рок од три години, младите на возраст од 16-24 години во 34-те најголеми рекламна пазари во светот ќе поминуваат повеќе време пристапувајќи на интернет преку мобилни телефони отколку преку сите други уреди заедно, без оглед на нивната локација. Во некои земји како што се Мексико и Саудиска Арабија, тоа веќе и се случува, а меѓу 10-те најголеми рекламни пазари во светот Бразил е првата земја каде тоа ќе се случи, и тоа во 2016 година, а потоа следат Јужна Кореја и Аргентина. Во Кина и Јапонија, втората и третата најголема земја според буџетите за огласување (според ZenithOptimedia’s Advertising Expenditure Forecast септември 2015) тоа ќе се случи во 2017. Оваа тенденција во САД (најголемиот адвертајзинг пазар) и Германија (петти најголем огласувачки пазар) ќе настапи во 2018 година, следено од Обединетото Кралство во 2019 година.

Во студијата, насловена како Мобилен императив, презентирана на dmexco 2015, ZenithOptimedia и GWI открија дека низ сите анкетирани 34 пазари, 41% од корисниците на мобилен интернет од оние со 90% интернет пристап на мобилните телефони се на возраст од 16 до 24 години. 31% од корисниците на мобилни платформи се на возраст меѓу 25 и 34 години. Пазари кои во моментов имаат највисока пенетрација на корисници на мобилни платформи од сите возрасни групи се од Блискиот Исток (Саудиска Арабија 11%, Обединетите Арапски Емирати 8%) и Скандинавија (Шведска, 8%). Не е изненадувачки дека поголемиот процент (63%) на корисници на мобилни платформи живеат во урбани средини.

Корисниците на мобилни платформи трошат значително време на интернет на мобилен, во просек 3,59 часа на ден, а 23% од нив изјавиле дека купиле одреден производ преку мобилен во последниот месец. Најпопуларната активност за корисниците на мобилни платформи е користењето на социјалните мрежи, дури 44% од нив. По оваа активност следи проверка на времето (38%) и гледање на онлајн видео (22%) – податок што има важни импликации за пазарот во поглед на инвестирање во програма и содржина.

ZenithOptimedia и GWI заклучија и дека промените во однесувањето на корисниците на мобилни уреди има значајно влијание на онлајн пребарувањето, што е еден од клучните двигатели на интернет економијата, со вредност 140 милјарди УСД, во САД минатата година, според еМаркетер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365